Витамински “бомби“ со кои ќе сте здрави и згодни: Овие напитоци се преполни со витамини

Моќни, здрави и преполни со витамини…
Напиток со цвекло
Состојки:
– 1 помала главица цвекло
– морков
– јаболко
– ½ чаша вода
– 2 ротквици
– ½ лажица семки од сончоглед
– лажица мед
Подготовка:
Излупете ги и исецкајте ги цвеклото, морковот и јаболкото и ротквицата. Испасирајте ги и додадете вода. Потоа додадете ги семките од сончоглед и додадете го медот. Матете додека смесата да стане пенаста.


Енергетска бомба со морков, јаболко и портокал
Состојки:
– морков
– целер
– ½ црвена пиперка
– портокал
– ѓумбир
– јогурт
– јаболко
Подготовка:
Излупете го јаболкото, морковот и целерот, а од пиперката извадете ги семките. Излупете го портокалот и изрендајте го ѓумбирот. Сите состојки ситно исецкајте ги. Морковот, целерот, пиперката, портокалот, ѓумбирот и јаболкот ставете ги во блендер, додадете го јогуртот и добро испасирајте.
Напиток од јаболко, киви и спанаќ
Состојки:
– 2 зелени јаболки
– шака спанаќ
– киви
– ½ краставица
– 2 лажици јогурт
Подготовка:
Излупете и исецкајте ги јаболките. Излупете и исецкајте го кивито и краставиците. Измијте го и исецкајте спанаќот. Ставете се во блендер и пасирајте.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.