На голем број луѓе им пречат рекламите кои се појавуваат на почетокот на прикажувањето на некое ЈуТјуб видео, поради што оваа видео платформа најави промени кога станува збор за рекламите – уште реклами.
Од ЈуТјуб најавија дека експериментално воведување на реклами на почетокот на видеото.
Тоа значи дека рекламите ќе бидат поретко емитувани за време на гледањето на самото видео.
Од видео платформата проценуваат дека на тој начин, ќе се остварат 40 проценти помалку прекини поради реклами за време на гледање на едно видео.
„Пре-roll“ рекламите, на почетокот на видеото ќе може да се прескокнат.
Иако 40 проценти можеби звучи многу, одлуката на ЈуТјуб е донесена како реакција на резултатите од истражувањето кое било спроведено при што се покажало дека корисниците се „особено чувствителни“ на честото паузирање на видеата, особено кога се гледаат подолги видео снимки.
Новиот начин на прикажување на рекламите за десктоп верзијата на ЈуТјуб ќе биде воведен годинава, по што ќе следуваат мобилната и ТВ верзијата.
Новите промени ќе бидат добра вест за огласувачите со оглед на фактот дека од ЈуТјуб соопштија дека при првите тестови измерено е зголемување на reach-от за 8 до 11 проценти.