Ви треба виза за влез во земјата, му напишаа Косовци на Хан

По посетата на Белград, каде претходно ќе разговара со претседателот на Србија Александар Вучиќ, еврокомесарот Јоханес Хан ќе отпатува за Приштина. Револтирани од одолговлекувањето со визната либерализација на Косово пред неговото пристигнување група Косовци денес се собраа пред седиштето на ЕУ во Приштина за да го пречекаат со транспарент со следнава порака:
„Добредојдовте на Косово, господине Хан! Ние сме за реципроцитет, така што вам ви е потребна виза за влез на Косово. За визата се потребни 45 различни документи и 35 евра“.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.