Потребни состојки:
6 лажици путер
1 шолја кафеав шеќер
Неколку лажици мед по вкус
1 лажичка цимет
Половина лажичка мелен ѓумбир
Половина лажичка мелено каранфилче
Прстофат мускатно оревче
2 шолји вода
1 шолја рум
Малку екстракт од ванила
Стапчиња цимет, за декорација
Начин на подготовка:
Растопете путер на умерена температура, па додајте кафеав шеќер и мед и мешајте додека се растопат. Потоа додајте цимет, ѓумбир, каранфилче и мускатно оревче и оставете на оган уште 5 минути.
Додајте и вода за да не зоврие. Во меѓувреме промешајте по потреба. Пред крајот тргнете ја смесата од оган, додајте рум и екстракт од ванила. Распоредете го напитокот во 4 чаши и послужете веднаш. Декорирајте со стапчиња цимет.