Вкусна и здрава: Супа од домати, наут и тиква

Денес ви споделуваме рецепт за вкусна супа која можете да ја јадете и навечер без чувство на вина бидејќи не содржи нездрави масти. Се состои од важни протеини, витамини и минерали кои ќе ве наситат, а притоа ќе ви помогнат во губењето масни наслаги.

Потребни состојки:
1 лажица екстра девствено маслиново масло
1 тиква, исечкана на коцки
1 кромид
100 грама пашканат
100 грама спанаќ
1 чешне лук
1 лажичка рендан ѓумбир
1 лажичка куркума
супа од зеленчук (готова или 3 коцки супа)
425 грама конзервирани домати
425 грама конзервиран наут
1 лажица оцет
магдонос
ким
сол

Начин на подготовка:
Во тава загрејте го маслиновото масло. Додадете ги тиквата, кромидот и пашканатот. Мешајте редовно и динстајте додека зеленчукот не омекне (околу 5 минути). Додадете лук, ѓумбир, куркума, ким и сол и пржете околу една минута. Потоа додадете ја супата (6 шолји готова супа или 6 чаши вода и 3 коцки). Намалете ја топлината и варете додека зеленчукот не омекне (околу 8-10 минути). Додадете спанаќ и наут, измешајте. Оставете да се вари 2-3 минути. Се трга од оган, се додава малку оцет (по желба) и се посипува со сечкан магдонос. На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.