Вкусна, лесна и кремаста: Хавана тортата е десерт кој не се пече и не се украсува

Колачот Хавана е лесен, кремаст десерт кој не се пече и не бара никаква декорација.
Состојки:
еден литар млеко
500 милилитри слатка павлака
450 грама шеќер
200 грама наполитанки со вкус на лешник
200 грама лешници
три кесички гранули од желатин (30 грама)
Подготовка:
Прво земете метален калап и обложете го со хартија за печење. Потоа растопете 200 грама шеќер и истурете во калапот. После тоа, во помал сад соединете го желатинот со околу десет лажици млеко и оставете го на страна да набабри.
Истурете го млекото во големо тенџере и додадете го остатокот од шеќерот. Гответе на тивок оган. Кога ќе зоврие тргнете го од оган. Одделете пет лажици врело млеко и измешајте го со желатин. Потоа во тенџерето со млекото истурете ја смесата со млекото и желатинот и изматете со миксер да се раствори желатинот.
Оставете ја смесата да се излади на собна температура. Откако ќе се излади, смесата треба да биде погуста од јогуртот. Во меѓувреме, во друг сад изматете ја павлаката и соединете ја со смесата од желатин и млеко. Шеќерот што го стопивте во калапот ставете го во блендер и додадете ги мелените лешници и обландите.
Во поголем калап се става фолија и се посипува со една петтина од мелените состојки, па се додава четвртина од филот. Повторете ја постапката неколку пати или додека не ги потрошите сите состојки. Покријте го колачот и ставете го во фрижидер да се излади преку ноќ. Следниот ден превртете го капакот и извадете ја фолијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: