Дали сакате нешто слатко, но здраво? Ви предлагаме рецепт за бомбици кои можат да бидат идеален десерт доколку немате време, а ви треба закуска која ќе ви даде енергија и ќе ви го подобри расположението.
Потребни состојки:
150 грама путер од кикирики
100 грама овесна каша
75 грама чоколадни капки
50 грама мелено ленено семе
2-3 лажици мед
Начин на подготовка:
- Измешајте ги путерот од кикирики и медот.
- Додадете ги овесните снегулки и меленото ленено семе и сè добро измешајте.
- На крајот додадете ги парчињата чоколада.
- Од добиената смеса обликувајте топчиња.
- Ставете ги во фрижидер пред да ги консумирате. На здравје!