среда, 25 ноември 2026
Најново

Владата бара од Пендаровски да прогласи нова вонредна состојба

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Владата на Република Македонија на вечерашната 67-ма седница донесе заклучок да поднесе предлог до претседателот на државата Стево Пендаровски, врз основа на членот 125 од Уставот да утврди постоење на вонредна состојба за период од 8 дена, почнувајќи од денеска, 15 јуни, до 22 јуни.
Предлогот се поднесува заради спроведување на предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, со мерки за заштита на јавното здравје во услови на пандемија прогласена од Светската здравствена организација што ја зафати и нашата држава.

Поврзани вести