Владата бара советник за вицепремиерот Фетаи, ама да биде професор по албански јазик

Владата распишала „нанишанет“ оглас за вработување на посебен советник за министерот за вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, но при тоа се бара тој да има завршено филолошки факултет и да биде професор по албански јазик и книжевност.

Ангажирањето ќе биде на определено време, до истекот на мандатот на функционерот во чиј кабинет се вработува, за нето плата од 58.963 денари. Огласот е затворен денес.

Фетаи бил претседател на движењето Самоопределување на Албин Курти во Белгија и, како што пишуваат косовските медиуми, бил консултант во областа на меѓународниот развој со различни меѓународни агенции во Брисел од 2009 година. Тој  работел во Приштина во периодот 2004-2008 година како експерт за европски прашања со Програмата за развој на Обединетите нации и со проекти на Европската комисија. Дипломирал политички науки на Université Libre  во Брисел и магистрирал  надворешна политика на Европската унија на Институтот за европски студии во Брисел. 

Претходно Инфомакс објави ексклузивни фотографии од службеното возило кое го користи Фетаи пред партискиот штаб на Алијанса за Албанците. Инаку Фетаи е вицепремиер за добро владеење и треба да работи да нема случаи на злоупотреба на државните ресурси…

Пронајдете не на следниве мрежи: