среда, 11 ноември 2026
Најново
Мислење

Владата ги казнува граѓаните веќе нема да се лета ефтино

За жал она што беше муабет за патување и достапни дестинации набргу ќе биде минато. Бидејќи не беше понудена замена за Визер ако поради политички причини не му се допаѓал на Заев или пак Шеќеринска, тогаш можеме да заклучиме дека се работи за КАЗНА за граѓаните. Да не се патува. Да се седи дома. Да се ведне глава. Една левичарска Влада (ваљда знаат што е левичарство) би работела сосема поинаку секаде во светот, но бидејќи Македонија е земја на апсурди ова не не изненадува.
Да не ме разбрете погрешно, не ги бранам воопшто Визер. Тие имаа свои финти како да ни ги земат парите. Еве на пример за да биде ефтина картата мораше онлајн да си се чекираме. Неколку сата пред лет. И пробав по тој терк, но апликацијата не им работеше. Направив скриншот и на аеродром го покажав. Сепак ми земаа за две чекирања дополнителни 70 евра. Кадија те тужи, кадија те суди… Вложив поплака. И ете од април си ги чекам моите 70 евра… Нема кој ни да не заштити. Ама барем видовме дестинација или две. Остана ситно за кафе. Сега Заев помага и тоа ситното да ни го соберат.
Фала, фала. Ќе дојде казната бргу. Ако само се осмелите да одите на избори.

Пронајдете не на следниве мрежи: