Владата на денешната седница донесе одлука да го задолжи Министерството за финансии да обезбеди 30 милиони денари и да ги префрли на Службата за општи и заеднички работи за помош во транспортот и сместувањето на семејствата на тешко повредените во пожарот во Кочани кои се на лекување во странство.Ова го соопшти владиниот портпарол Марија Митева.„Во овој момент можам да ја информирам јавноста дека е обезбеден превоз и сместување за 58 лица. Оваа одлука ќе важи и за оние лица кои заминале пред да биде донесена оваа одлука и може да се изврши доплата на дополнителен начин“, рече Митева.Покрај ова решение таа ги објави и проверките што Државниот пазарен инспекторат ги извршил на лиценците на угостителските објекти регистрирани како кабаре, ноќни клубови и диско клубови.
Пронајдете не на следниве мрежи: