Владата одобри продолжен престој во училиштата. Од 1 октомври наместо до пладне децата ќе бидат згрижени до 15 часот во истото одделение. За тоа време мора да носат маски, да седат на растојание и да ги почитуваат останатите протоколи од Комисијата за заразни болести.
-Одобрена е организацијата на продолжен престој на учениците во основните училишта за одделенијата кои ќе започнат настава со физичко присуство, со препорака продолжениот престој да се организира и реализира со ученици од иста паралелка и од исто одделение, без мешање на различни паралелки и одделенија, информираат од Владата.
Во еден клас не треба да има повеќе од 20 деца и за целодневната настава. За нив ќе се грижат двете наставнички. Ова според СОНК отвара дополнителни проблеми, премногу работни часови на просветните работници, а ќе се јави и недостиг на кадар.
За нас како Синдикат е неприфатлива опција 50 наставни часови во текот на неделата, но очигледно имаме разбирање од социјалните партнери и моето убедување е дека во рамките на нивните надлежности, на МОН и на ЗЕЛС, ќе се изнајде решение зашто имаме реален проблем, изјави Јаким Неделко, претседател на СОНК.
На денешната седница Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да продолжат со работа и дневните центри за лицата со попреченост како и игротеките со препорака строго да се почитуваат мерките за спречување на ширење на КОВИД-19.
Извор: Сител.мк
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.