Владата информираше дали ќе се работи утре

Владата на Република Северна Македонија соопштува дека утрешниот ден, 7 мај, кога во нашата земја ќе пристигне во еднодневна посета Папата Франциск, е работен ден за сите граѓани.
Организациониот одбор за посетата на Светиот Отец денеска соопшти дека сите подготовки за реализација на програмата на апостолската посета на Папата Франциск на Република Северна Македонија се завршени.


Сите информации за посебните сообраќајни правила и за работата на јавните здравствени установи можат да се најдат на веб страницата https://papa.mk/

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.