Владата на Меј го поддржа договорот за брегзит

Британската премиерка, Тереза Меј изјави дека нејзината Влада денес го разгледала и го поддржала нацрт-договорот на ЕУ за брегзит. Изјавата следуваше по петчасовниот состанок на Владата, кој течеше во доста жестока атмосфера и дебата.
Официјално Велика Британија треба да ја напушти Европската Унија на 29 март 2019. година, а Меј изјави дека Велика Британија е значително поблиску до склучување договор за брегзитот. Таа посочи дека по излезот, Британија ќе ја преземе контролата над границите, законите и финансиските средства, а ќе понуди и поголема заштита врз бизнисите и работните места.
Лидерот на лабуристите, Џереми Корбин, смета дека Британија ќе биде заглавена во бесконечност во куќа во која ќе нема право на збор и дека Меј креира лажен избор пред Парламентот.
На тоа Меј возвраќа дека целта на лабуристите е да го попречат процесот за брегзит и да го згазат гласот на народот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.