Владата на Република Македонија обезбеди бесплатен лет од Тел Авив за македонските државјани

Владата на Република Македонија обезбеди бесплатен лет од Тел Авив за македонските државјани, информира премиерот Ковачевски на Фејсбук.

Жител на Дебар украл мотор од двор на куќа во струшко, па го оставил во нива
Крадец од Дебар украл мопед од куќа во струшкото село Мислешево, по …
Мендух Тачи излегува од Европскиот фронт, ќе комуницира само со Ахмети
Претседателот на ДПА, Мендух Тачи денеска и официјално го напуштил Европскиот фронт. …
Филипче: РЕК Битола не работи, граѓаните плаќаат огромни сметки за струја
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостувањето на „Клик плус“ на ТВ21, …
Да помогнеме, потребни се 90.000 ЕВРА за лекување на Бојана во странство!
Почитувани читатели на Инфомакс, Ве замолуваме доколку сте во можност да помогнеме, …

– Обезбедивме бесплатен лет од Тел Авив до Скопје за евакуација на македонските државјани кои во моментов се наоѓаат во Израел и кои побарале помош да се вратат во Македонија. Тие веќе утре треба да се на безбедно и во своите домови.

Во услови на откажани летови и целосно блокиран авио транспорт со Израел, навистина беше предизвик да се организира овој лет. На моја иницијатива и во разговор со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, нашите граѓани ќе ги вратиме дома со авион на Air Serbia. Благодарност до неа и до сите вклучени во процесот, добрососедството и овој пат се покажа на дело. Нашата отворена и директна комуникација за сите прашања е секогаш во насока на изнаоѓање решенија, што конкретно се потврди и овој пат.
Посакувам мирен лет и што поскоро враќање дома. – напиша Ковачевски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.