Владата на Р.М. се обрука, па се извини

Австрискиот сојузен кацелар Себастијан Курц, како што и беше најавено, утрово пристигна во земјава. Поради, како што е навдено во извинувањето до Република Австрија, дошло до ненамерна грешка од страна на службите за протокол и Министерството за надворешни работи, па високиот гостин пред Владата бил пречекан со латвиско наместо со австриско знаме.

Сличности помеѓу знамињата на двете земји навистина постои, но знамето на Австрија има правоаголна форма и е поделено на три еднави правоаголници, а знамето поставено на платото пред Владата е со помал бел правоаголник. Разлика има и во бојата на знамето на Латвија која е темно црвена.
Направената грешка ја забележаа и на неа реагираа австриските новинари кои ја следеа посетата на Курц, кој беше пречекан од премиерот Зоран Заев и бројни министри на Владата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.