Владата одлучи да се отворат Амбасада во Атина и Генерален конзулат во Солун

Според соопштението на владината прес-служба одлуката за отворање на Амбасада во Атина и Генерален конзулат на Република Северна Македонија во Република Грција, со седиште со Солун е донесена на вчерашната 118-та седница на Владата.
Како што е наведено во соопштението одлуките ќе започнат да се применуваат со влегувањето во сила на Одлуката за прогласување на амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV, XXXVI на Уставот на Република Македонија.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: