Најновата анализата на Дирекцијата покажува дека споредено со истиот период во 2021 година имаме раст од 28%, а споредено со 2020 година, има пораст од над 32%. Според анализата, за три години, споредено со просечниот број на вработени во 2020 до сега над 4.800 наши сограѓани добиле нови работни места во Зоните.
- Приведено лице барано со потерница
- Безалкохолното пиво станува се попопуларно, дури и на Октоберфест
- Еве дали кафето со млеко има негативни или позитивни ефекти врз нашето здравје
- Германија ја зголемува цената на јавниот превоз
- Партијата на Шолц СПД уверува: Неговата кандидатура за нов мандат не е под знак прашање
- Само вчера два напади во Градски парк
- Володимир: Никој не знае што му е на ум на Путин
- (Видео) ГОРИ ХЕМИСКА ФАБРИКА ВО САД: Се евакуира населението, десетина завршиле во болница
- ЕУ: Тирана кон првиот кластер, Скопје во лер
- Oбид за убиство во Голема Речица: Со скалпел пресечено грлото на 17-годишник
Дополнително, извозот во октомври ја надмина границата од 3 милијарди и 100 милиони евра, што е на исто ниво споредено со минатата година, но за 25% повеќе споредено со првите десет месеци од 2021, односно за 50% повеќе споредено со истиот период во 2020 година. Само во октомври компаниите во ТИРЗ достигнале извоз од речиси 300 милиони евра.
Компаниите во ТИРЗ од почетокот на годинава до сега оствариле увоз од над 2 милијарди и 500 евра. Тоа е на речиси исто ниво, споредено со истиот период лани, односно за 5% повеќе во однос на 2021, и за 50% во однос на 2020.
Поради ваквите економски движења, нето извозот заклучно со октомври е во позитива и изнесува 21%, што е за 10% споредено со истиот период лани.
Се очекува ваквиот позитивен тренд на раст да продолжи до крајот на годинава поради зголемениот обем на склучени договори за инвестиции. Само годинава се склучени договори во вредност од 350 милиони евра каде веќе се реализираат дел од планираните 6.000 нови работни места.
За Владата, ова е уште една потврда дека нудиме стабилен деловен амбиент, и пред сѐ предвидлив за компаниите да може да ги реализираат своите долгогодишни планови. Сѐ ова е резултат на новиот концепт на Владата и ТИРЗ за привлекување на странски инвестиции за што секој потенцијален инвеститор задолжително доставува 10 годишен инвестициски план врз база на кој се проценува капацитетот на компанијата и инвестицијата и се подготвува индивидуализиран пакет за учество на државата во инвестицијата, соопштуваат од Владата.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.