Владата со негативно мислење за предлог-законот за амнестија за крвавиот четврток

На денешната владина седница Владата донесе негативно мислење за предлог-законот за амнестија за настаните од 27 април.
„На оваа своја седница Владата донесе негативно мислење за предлог- закон за амнестија на лицата осомничени, обвинети и осудени за собраниските настани од 27 април 2017 година, кој беше доставен од група пратеници во Собранието на Република Македонија“, се вели во соопштението на владината прес-служба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.