Владата и понатаму продолжува редовно да се задолжува на домашниот пазар. Министерството за финансии закажа нова аукција на хартии од вредност со која планира да повлече нови 3 милијарди денари, односно 49 милиони евра.
Ако се соберат сите задолжувања само во 2019 година и се додаде ова задолжување кое се планира за утре тогаш вкупното задолжување за првите 5 месеци од годината изнесува огромни 317,4 милиони евра. Претходно владата на 17 –ти минатиот месец се задолжи за огромни 39 милиони евра.
Посебно алармантно е зголемувањето на долгот на државата кој според преценките на сите светски реномирани институции се очекува да надмине повеќе од 50 %, што е екстремно опасна состојба.