Владата ќе ги обештети осудените во случајот “Сопот“ со 1,2 милиони евра

Со 1.200.000 евра државата ќе ги обештети осудените во судскиот предмет “Сопот“. Шестемина осудени во следниот период ќе добијат по околу 200 илјади евра.
Откако СЈО во март минатата година се откажа од понатамошно кривично гонење на вчерашната седница Владата одлучи да ги обештети со 5500 денари за секој ден поминат во притвор или затвор.
Истовремено, државата ќе им ги надомести трошоците за судската постапка во висина која ќе ја утврди судот.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.