Владата попладнево ќе одржи вонредна седница со единствена точка на дневен ред – ребаланс на буџетот.
Деталите за прекројувањето на буџетот нема, но се очекува да бидат прелоцирани дел од средствата што останаа непотрошени за капитални инвестиции во ставки кои може да се реализираат до нова година. Владата брза со ребалансот, поради можноста Собранието набрзо да биде распуштено.