Бизарна јавна набавка осамна вчера на страницата на Бирото за јавни набавки, со државни пари ќе се набавуваат 20.000 шишиња со лубрикант за „Здружението на граѓани Еднаквост за геј и лезбејки-ЕГАЛ Скопје“, пренесува „Лидер“.
Тендерската документација за набавката до која стигна „Лидер“ е обилна, а во неа стои дека оваа невладина организација во склоп на „Програма за заштита на население од ХИВ во Република Македонија 2018“со државни пари, ни помалку, ни повеќе – ќе набавува 20.000 шишиња лубриканти. Понудите за набавка на лубрикантите, заинтересираните компании може да ги достават најдоцна до 15-ти месецов. Во техничката спецификација е наведено дека лубрикантите треба да бидат без вкус, без мирис и без боја.