Владата ќе одлучува за нова мерка, угостителите да работат до 21 часот

Дополнително ограничување на работното време на угостителските објекти, наместо до 23 часот тие да работат до 21 часот, е новата мерка за којашто, на предлог на Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство, треба да одлучува денеска Владата.
Целта е да се спречи натамошно ширење на Ковид-19 од којшто во претходното деноноќие беа регистрирани уште 565 заразени од направени 1.325 тестирања, починаа 21 лице, од кои најмладиот на 45 години, а оздравеле 154 пациенти. Во клиниките и болниците низ државава вкупно се хоспитализрани 713 пациенти.
И во новата ковид статистистика за претходното деноноќие главниот град е со најмногу новозаразени 230 и сега има активни 5.042 случаи, при што најбројни во Аеродром 869, по што следат Карпош со 741, Центар со 668, Гази Баба со 650, Кисела Вода со 649, Ѓорче Петров со 402, Чаир 275, Бутел – 266,…Зад Скопје се Тетово со активни 636, Струмица 568, Прилеп 565, Куманово 466, Велес 438, Штип 308, Битола 299, Гостивар 259, Охрид 258, Кавадарци 240. Со троцифрен број се и Македонски Брод и Крива Паланка, каде има 106, односно 101 активен случај.


Од вчера во државава се врши тестирање со брзи тестови што Министерството за здравство ги доби како донација. Од најавените 13.000 брзи тестови пристигнаа 4.000 , а останатите треба да бидат испорачани дополнително.
Тестовите се најнова технологија со која за 15 минути се утврдува дали кај тестираниот е присутен вирусот Ковид 19. Брзите тестови се бесплатни за граѓаните, а ќе бидат распоредени низ 13- те болници во државата, во Клиниката за инфективни болести во Скопје, Болницата 8 Септември, Институт за белодробни заболувања кај децата – Козле и ЈЗУ Институт за белодробни заболувања и туберкулоза-Скопје, и ќе се користат како би се утврдило дали суспектните пациенти се позитивни на Ковид-19.
Ако евентуално актуелните мерките не даваат резултати, според Филипче, се размислува за целосно затворање на угостителските објекти неколку часови порано од тоа што е сега или целосно затворање на објектите каде што се одржуваат културни настани. Постојните мерки против Ковид-19, како што оцени, се добро димензионирани и нема потреба од карантин.
-Еден од најбитните параметри е капацитетот на болниците, дали имаме слободни кревети лекари и сестри кои можат да дадат здравствана заштита. Согласно нашиот план ослободуваме се повеќе кревети, функционира системот на ротација. Нема да дозволиме да нема болнички кревет, но нашиот здравствен систен е навистина под голем притисок и во таа смила се сите овие рестрикции кои што се во сила, рече Филипче.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 32 997, бројката на оздравени пациенти е 21 244, на починати 1 025, а бројот на активни случаи 10 728. Досега во земјата се направени вкупно 253 173 тестирања на Ковид -19.
Од минатата недела, маските се задолжителни и на отворено со одредени исклучоци. Прекршување на оваа мерка се регистрира секојдневно, а според вчерашната статистика на МВР за неносење маска ниле санкционирани 737. Инспекторите, пак, кои со последните мерки добија дополнителни овластувања, вчера затвориле угостителски објект во гостиварското село Добридол бидејќи во него била организирана свадба со околу 120 гости.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.