Меркур ретрограден, небесен феномен кој носи превирања во нашите животи, конечно доаѓа до својот крај.
Но, не грижете се, ни претстојат уште два пред крајот на годината. На оваа пролет и дојде крајот, а еве што значи тоа и кои четири хороскопски знаци го понесоа најголемиот дел од транзитот.
Еден од најпредизвикувачките астролошки периоди, оној од кој најмногу се плашиме затоа што речиси ништо не ни успева, затоа што носи недоразбирања и проблеми во комуникацијата, љубовта, на работа – со еден збор, внесува општа конфузија во животот – на 7-ми април го завршува својот пролетен удар. Ретроградниот Меркур се смирува, планетата се враќа на својот нормален пат и, се разбира, полесно е да дише.
Сепак, најголемо олеснување ќе почувствуваат луѓето кои се родени во еден од овие четири знаци. Еве што им порачува хороскопот.
Овен
Ретроградниот Меркур ви донесе безброј сомнежи за себе, за вашите деловни вештини и за луѓето со кои се опкружувате, но сега сте подготвени да продолжите напред со нова самодоверба. Кога ќе се врати во вашиот знак подоцна овој месец, Меркур ќе ве награди со изобилство на енергија и ќе ви помогне да ги расчистите ситуациите што ве мачеа додека беше со ретрограден од.
Риби
И Рибите ќе почувствуваат олеснување. Имавте многу подеми и падови во изминатите неколку дена, но погледнете ја добрата страна – ќе сфатите колку навистина сте напредувале и веројатно ќе бидете пријатно изненадени. Влегувате во период во кој ќе се посветите на личната работа и развивање на вашите таленти, а токму ретроградниот Меркур ви овозможи конечно да ги откриете.
Девица
По бројните фрустрации кои ги доживеавте во периодот зад нас, полека го враќате чувството за контрола. Следните денови ќе ги искористите за да ја вратите рамнотежата во партнерските и деловните односи, како и да барате нови извори на инспирација. Ако имате намера да спроведете важни планови, направете го тоа во наредните недели и впуштете се во нови почетоци.
Близнаци
Имате впечаток дека се враќате од бојното поле, истоштени и изнемоштени, без ни трошка сила. Сте се соочиле со недоразбирања и на работа и дома, а сега треба да одморите и од појасна перспектива да видите што треба да правите понатаму. Исто така, ретроградниот Меркур ви ги отвори очите и ви покажал кои врски, професионални или приватни, треба да се прекинат.