Според официјалната информација која за медиумите ја даде рускиот амбасадор во Белград, Александар Чепурин посетата се очекува да се случи во октомври или ноември годинава.
На оваа посета ќе и претходат и посети на стотици претставници на руските власти како и руски бизнисмени на Србија. Според амбасадорот нивните посети само дополнително ќе ја подобрат трговската размена помеѓу двете земји која од почетокот на годинава пораснала за 20 отсто, а се очекува до крајот на 2018 да ја надмине сумата од 3 милијарди долари.
Имајќи во предвид дека во октомври, како што изјави Чепурин, Русија ќе ја усвои програмата за економски развој за следните шест години тоа ќе претставува “гигантски чекор напред“ во кој свој удел очекува да има и Србија.