Владимир Јачев до Антонијо Милошосли – ни ве гласам нит сакам очи да ви видам

Во својот статус на Фејсук реномираниот актер Јачев се обрати на Антонијо Милошоски револтиран од нејасните политики на партијата ВМРО-ДПМНЕ изразувајќи огромно незадоволство. Статусот го пренесуваме во целост. 

– Антонио Милошоски, размислувајќи за предавничкото менување на таборот на одредени членки на опозициската коалиција, именувајќи ги една по една и наведувајќи ги причините за нивното отстранување од курсот на политиките на ВМРО, во однос на делувањето на Демократската партија на Србите во Македонија, потенцира: “Демократската партија на Србите во последно време е радо виден гостин во Москва, но дали тоа е во склад со определбите на ВМРО-ДПМНЕ е тема за сериозна размисла од страна на ВМРО-ДПМНЕ“.
Бравос. Многу убаво сте го тоа срочиле Милошовски. И ај, Ве молам, откога ќе направите сериозна размисла за определбите на ВМРО спрема блокот на НАТО и ЕУ (претпоставувам во тие размисли би влегле теми од типот на: понижувањето на Македонците кои со децении висат пред вратите на Унијата додека сите останати кои беа светлосни години зад нас веќе се во завршна фаза за преговори за членство, менувањето на името, пристрасното поддржување на Грција во спорот што го имаме со нив, обидите за менување на идентитетот, јазикот, културните особености, непочитувањето на човековите права за самоопределување на Македонците, непочитувањето на одлуките донесени директно од највисокиот суд на истата таа Унија, насилно носење на власт губитници на избори со цел на спроведување на политики кои би ги обезличиле Македонците како нација, итн, итн,..), направете ги и овие сериозни размисли во врска со подадената рака на еден братски народ и изјаснете се!
Дотогаш јас, нит` Ве гласам, нит` очи сакам да Ви видам.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.