Владина делегација во посета на Австрија

Од Владата вечерва информираат дека премиерот Христијан Мицкоски со владина делегација престојува во официјална политичка и економска посета на Австрија.
Во рамки на посетата, премиерот ќе оствари средба со канцеларот Кристијан Штокер на која ќе се разговара за продлабочување на билатералната соработка и за актуелни прашања поврзани со Европа и регионот.
Мицкоски и австрискиот канцелар ќе се обратат на бизнис форум пред претставници на стопанските здруженија на двете држави на кои ќе се реафирмира економската соработка и ќе се претстават можности за нови инвестиции и продлабочување на соработката меѓу австриските и македонските компании.
Покрај Мицкоски, во Виена се и вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски,  министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа.

Пронајдете не на следниве мрежи: