По повод одбележувањето на 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, делегација на Владата на Република Северна Македонија положи цвеќе и оддаде почит на великанот Гоце Делчев пред неговиот споменик во Градскиот парк во Скопје.
Во делегацијата беа националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Роберт Алаѓозовски и Драган Василевски, советник за одбрана на премиерот.
- За еден месец има шест пријави за врсничко насилство
- Македонските штабни офицери континуирано ја следат безбедносната состојба на јужната граница на Либан
- Дваесет и девет години од обидот за атентат врз првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров
- Политико: Бајден „фрустриран“ од Израел
- Видео конференциска врска на Мисајловски и Лафчиски со македонските офицери во Либан
-Република Северна Македонија денеска го чествува 23 Октомври како симбол на стремежите за сувереност и државност, но и храброста и истрајноста на македонските револуционери во борбата за слобода, сувереност, независност и македонска државност, наведува Владата.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.