Владин притисок од каков било вид врз национален претставник НЕ Е ДОЗВОЛЕН

Јасно е кому е наменето, но добро е да видиме сите. Фејсбук статус на професорката Тања Каракамишева:
“Само што добив информација од генералниот секретар на Венецијанската комисија, г-дин Томас Маркерт, дека согласно правилата на Комисијата, владин притисок од каков било вид врз национален претставник НЕ Е ДОЗВОЛЕН и дека писмото е веќе доставено до кабинетот на Османи и на Заев. Да имавме слободно новинарство јавноста веќе ќе беше информирана. Ама немаме!
Ги повикувам новинарите да го добијат писмото упатено до претседателот и заменик-претседателот на Владата и да ја информираат јавноста за ставот на Комисијата во однос на ваквите недолични испади на политичари врз угледни експерти, напиша професорката Тања Каракамишева.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.