Владо Георгиев Черноземски – Македонски револуционер

Атентатот на Кралот Александар во Марсеј

После првата светска војна и поделбата на Македонија, вардарскиот дел на Македонија влезе во новоформираната држава Кралство на СХС. Управата на новата државa ја преземаат во свои раце големосрбските монархистички кругови под раководството на крал Александар. Прогласувајќи ја како официјална доктрина теоријата за т. н. “Интегрална Југославија”, согласно којашто србите, хрватите и словенците се објавуваат за единствен три имен народ, а за македонците кој ги нарекуват “прави Срби” и за црногорците не станува воопшто збор. Белград им го одрекува правото на овие народи на национална самобитност, култура, автономно или национално самоопределување.

Знамето на борбата за слободна и независна Хрватска го прифаќа д-р Анте Павелич, формирајќи ја хрватската револуционерна организација “Усташа”. Хрватска и Македонија, преку своите национални револуционерни организации “Усташа” и ВМРО , се обединуваат во ист фронт, лице в лице со заедничкиот непријател.

На 9 октомври, 1934 г. југословенскиот крал Александар пристига на бродот “Дубровник” во Марсеј на својата прва официјална посета на Франција. Целта е да се демонстрира пред светот цврстиот сојуз меѓу двете држави. Тоа станува во време на оживена дипломатска дејност меѓу европските држави и на случки, којшто постепено го трасират патот кон Втората светска војна. Домаќините се потрудиле посетата да придобие голема свеченост. Ескортиран од миноносци на француската средоземна ескадрила, бродот ја фрла котвата на белгискиот кеј. Од древното марсејско пристаниште одекнуваат артилериски плотуни, на кој возвраќаат од “Дубровник”. На неговата палуба се качува француска делегација, водена од министерот на морските сили Пиетри, којшто ги поздравува гостинот од името на францускиот претседател. Во адмиралска униформа кралот слегува на брегот, каде што го пречекува францускиот министер за надворешни работи Луи Барту. Поздравниот говор го чита генерал Жорж, кој се борел рамо до рамо со српската војска за време на првата светска војна на солунскиот фронт. Потоа кралот влегува во автомобилот кој го очекува и се упатува кон општината, каде што го очекува официјален пречек. До него седнува Барту, а на резервното седиште – генерал Жорж. Шоферот почнал да свири, за да можат граѓаните на Марсеј да го видат и да го поздрават високиот гостин. Во следната кола се југословенскиот министер за надворешни работи Јевтич и францускиот министер Пиетри. Следуваат луѓето од кралската свита и одборот за пречек.

Неколку дена пред посетата, во Париз се наслушнуваат гласови за можен атентат, како што пишувало на страниците на весниците “Пари миди” и “Пари соар”. Особено силно е неспокојството меѓу кралската свита. Од двете страни на патот, по којшто минува кордонот, се поставени околу 1500 полицајци и агенти, но непосредната заштита на автомобилот е оставена на двајца коњанички офицери. Во последен момент, од непознати причини, се менува решението кралскиот автомобил да го прати одред мотоциклисти.

Кордонот се движи по средината на улица “Ла Канебер” со брзина на пешак. Тротоарите се исполнети со граѓани. На некој места се слушат аплаузи, на други – исфиркувања. Колоната веќе навлегува на плоштадот пред пазарот. Часот е 4,20 после пладне.

Во тој момент од толпата меѓу двајца полицајци скокнува добро облечен, со силна градба маж, којшто притрчува покрај коњот на полковникот Пиоле, викајќи “Вив л роа!”(Да живее кралот), скокнува на прагот на кралскиот автомобил и пука неколку пати со револвер кон кралот Александар, а потоа и кон Барту. Прв се обидува да го оттурне атентаторот генерал Жорж, но неколку истрели го кутнуваат на седиштето. Шоферот го запира автомобилот. Во тоа време полковник Пиоле со брзо движење успева да го успокои и заврти коњот и со сабјата му нанесува два удари на атентаторот, којшто паѓа на улицата и продолжува да пука. Полицајци кој го заштитуваат кралот исто така отвараат оган по него. Настапува невиден хаос. Полицајците го оттргнуваат од разјарената толпа атентаторот, му ги врзуваат рацете и го повлекуваат кон најблиската полициска станица, каде што го повргнуваат на сослушување и тортура. Тоа продолжува до вечерта.

Куршумите упатени кон кралот Александар се покажуваат смртоносни. Уште во автомобилот тој ја губи свеста. Го пренесуваат во префектурата, каде што после неколку минути умира. Министерот за надворешни работи Богољуб Јевтич покасно ќе разгласи, дека божем во последните секунди на својот живот кралот прошепнал “Чувајте ми Југославију!”, А францускиот “Тан” ќе го доукраси кралскиот завет со: “Пазете ми ја Југославија и пријателството со Франција!”. Така следбениците на Александар Карагеоргевич ќе ја дополнат митологијата на големосрбизмот со уште една легенда.

Наспроти тешкото ранување генералот Жорж после 5-месечно лекување оздравува, а за настанот покасно си споменува: “Со револверот атентаторот манипулираше со таква прецизност и молскавична брзина, што ми остана во сеќавање, наспроти тоа што моментот беше трагичен.”

Без да дојде во сознание, Владо Черноземски умира во 8 часот вечерта во болницата. Во алиштата му откриваат чешкословачки пасош на име Петер Келемен, револвери “Маузер” и “Валтер” и бомба. На десната рака имал тетоважа со иницијалите на ВМРО: череп, вкрстени коски и девиза “слобода или смрт”. Погребан е на 12 октомври на марсејските гробишта во присуство на двајца детективи и гробари. Местото на погребот не е означено.

Овој настан ќе остане вечно запаметен во сеќавањето на македонците како еден голем настан од борбата за својата слобода.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.