четврток, 26 ноември 2026
Најново

Влажни коловози на патиштата, снег на Шапка, Стража, Буково и Маврово

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на ЈП Македонијапат.
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, на планинските превои Стража и Буково, во Маврово и во Крушево. На планинскиот превој Пресека врнежите се од дожд и снег.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани вести