Властите во Бугарија ја затворија Софија за влез и излез

Властите во Бугарија ја затворија Софија за влез и излез.

Во Бугарија има 846 заразени, 46 смртни случаи, 141 опоравени, 37 критични пациенти, 122 случаи на еден милион жители, и 6 починати на еден милион жители.

Бугарија го забрани влегувањето и излегувањето од Софија, почнувајќи од 17 април и ќе трае за време на Велигден во обид да ги зајакне мерките за запирање на ширењето на коронавирусот. Оваа мерка се презема затоа што за продолжениот викенд многу софијанци би го напуштиле градот и би ја рашириле заразата насекаде низ Бугарија.

Под посебни правила за Велигден ќе функционираат и верските храмови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.