Властите во Будимпешта неможат да кренат глава од Македонски туристи од кога Груевски како азилант е таму

Властите во Будимпешта неможат да кренат глава од Македонски туристи од кога Груевски како азилант е во Будимпешта.
Дневно по неколку авиони ја посетиваат оваа дестинација само од Македонија, се бара билет повеќе за престолнината на Никола Груевски.
Поради зголемениот интерес можни се нови линии до Будимпешта. Ресторантите веќе го обучуваат персоналнот на основен Македонски. Треската Никола Груевски ја окупира Будимпешта, неговиот лик беше на секоја уличка но беше закачен и на парламентот. Секаде пишуваше Груевски е тука. Резултатите се очигледни, туристите од Македонија навалија. Груевски со 2-3 групи прави средби секој ден, а има веќе понуди за работа како консултат во повеќе компании, но сепак ќе се аклиматизира уште некое време. Инаку е добар, вози точак, слуша техно и диши чист воздух.
Нашиот дописник од Унгарија (близок до Н.Г. ама сакаше да остане анонимен да не помислите дека е лично Н.Г.)…
П.С. Текстовите во секцијата БАВЧА служат за разонода, да ве отргнат од суровата реалност и по можност да ве насмеат… Па насмејте се…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.