На денешната интерпелација на министерот за надворешни работи, Никола Димитров пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев од собраниската говорница ги потсети своите колеги што впрочем значат уставните измени кои власта спротивно на волјата на граѓаните ги спроведе. Како што рече тој – ќе дојде време кога таблите и ознаките секаде каде што пишува Република Македонија ќе треба да се менуваат. Ѓорчев замоли старите табли да не се фрлаат и да им се дадат на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на чување.
-Почитувани колеги пратеници од Владата на СДСМ, министри од редовите на Владата на Зоран Заев и СДСМ би сакал да ве замолам денот кога ќе дојде време да ја вадите таблата во ова Собрание каде што пишува Собрание на Република Македонија да не ги фрлате тие табли, дајте ни ги нас ќе ги чуваме. Ќе ги чуваме на нашите покриви, ќе ги чуваме во нашите подруми, рече Ѓорчев.