Од ноќеска на полноќ горивата повторно поскапуваат и тоа од 1/2 до 1 ½ денар по литар. Одлуката ја донесе Регулаторната комисија за енергетика, и со неа во просек за 1,6 односно 1,58 насто се зголемуваат рафинериските и малопродажните цени на нафтените деривати.
Како причина за зголемувањето на цените на нафтените деривати го наведуваат 3,61 отстотното зголемување на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во текот на претходните 14 дена и падот на курсот на доларот во однос на денарот за 1,412 насто.
Од РКЕ информираат дека за 0,347 денари се зголемува и цената на мазутот чија цена до сега беше 34,351 денар. Цената на еуросупер БС-95 се зголемува за 0,50 денари и од полноќ ќе чини 72,5 денари за литар, а цените на еуродизел Д-Е- V и екстра лесното масло за домаќинство ЕЛ-1 се зголемуваат за 1,50 денари и ќе чинат 66 и 54,5 денари по литар.
Единствена која останува иста е цената на бензинот еуросупер БС 98 кој и понатаму ќе се продава за 74 денари по литар.