Саша Поповиќ веќе има возен парк проценет на 900.000 евра!
Креативниот директор на Гранд продукција Саша Поповиќ го зголеми возниот парк ! Поранешен член на Слатки грех, кој има страст за автомобили од 1980-тите, купил автомобил Ферари за кој наводно потрошил половина милион евра.
Вчера Саша влегол во салон и решил да се почасти со автомобил кој го нема во својата колекција. По „поршето“ и „мерцедесот“ купи и „ферари“, кое ја има најлуксузната опрема и кое според сите проценки е најскапото што го поседувал досега.
„Се започна во осумдесеттите, кога заработувавме многу пари. Многу. Заработувавме милиони. Сепак, немаше поволни можности за вложување пари во недвижен имот, па можев да инвестирам само во автомобили“, рекол Саша претходно за неговата страст кон автомобилите и додаде дека продолжувањето на оваа „инвестиција“ го спречило да штеди во Дафина, каде што ги загубил сите пари.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.