ВЛЕН го констатираше „самоисклучувањето“ на Таравари од коалицијата

Лидерот на Демократското движење Изет Меџити рече дека на денешната средба на ВЛЕН било констатирано дека е потврдено „самоисклучувањето“ на Таравари од коалицијата, пишува ТВ21. Меџити рече дека тоа е резултат на одлуката на Таравари да настапи на локалните избори со посебни листи за општински советници.

„Во никој случај, во ниту еден момент немаше одлука од политичка партија, односно да одиме одделно, а другите да одат заедно. Со тоа си замина, докажа дека е во коалиција со ДУИ. Но, сака да ја игра улогата на жртва. Денеска само го констатираме неговото самоисклучување од ВЛЕН“, рече Меџити.

Изет Меџити изјави дека коалицијата ВЛЕН, за разлика од Таравари, на локалните избори ќе се натпреварува со заеднички листи за советници и заеднички кандидати за градоначалници, пренесува ТВ21. Меџити ги повика гласачите на Алијанса за Албанците да се оградат од, како што рече, „политиката на поделби на Таравари“.

„Коалицијата ВЛЕН денеска одлучи да се натпреварува заедно на изборите, и со листи за советници и со кандидати за градоначалници, додека во наредните денови ќе формираме и штабови на ВЛЕН, за заеднички да се натпреваруваме на претстојните локални избори рече Меџити.

Пронајдете не на следниве мрежи: