По изјавата на тетовскиот градоначалник Билал Касами, кој побара нивното членство да гласа за кандидатот на ДУИ, Фатмир Дехари, во Кичево од Влен велат нивните поддржувачи да гласаат по сопствено убедување.
„Како коалиција побаравме Дехари да се повлече од изборната трка. Тој не го направи тоа, па секоја јавна поддршка е невозможна. Кичевци сами треба да ја донесат одлуката“, стои во нивното соопштение.
Тие додаваат дека никој нема „гласови во џеб“ и оти одговорноста е на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој не го повлекол кандидатот. „Јавниот морал не се преговара“, потенцираат од „Влен“.



