Влијанието на неучеството на Реал во финалето врз клубот и натпреварот

Вечерва во Севиља, Реал Мадрид и Барселона ќе се натпреваруваат за трофејот во Купот на Шпанија, иако вчера постоеше еден период кога изгледаше дека љубителите на фудбалот ќе останат без ново „Ел Класико”, бидејќи беше можно „кралевите“ да се повлечат од финалето на Копа дел Реј. Оваа драма започна по редовната прес-конференција на судиите, кои го изразија своето незадоволство од ТВ каналот на Реал Мадрид и нивните постојани критики. Тие изјави наидоа на неодобрување кај „кралевите“, кои веднаш побараа промена на судиите од страна на Фудбалската федерација на Шпанија, барање кое беше одбиено. Реал Мадрид потоа испрати кратка порака до новинарите со содржина „Се е суспендирано“. Карло Анчелоти и Лука Модриќ не присуствуваа на закажаната прес-конференција, не се одржа тренингот на Реал Мадрид, ниту пак беше извршена формалната фотосесија со тренерите и капитените на екипите и трофејот. По неколку часови на неизвесност, доцна вечерта Реал Мадрид соопшти дека никогаш не размислувале сериозно за повлекување од финалето. Доколку Флорентино Перез и неговите соработници се решеа за бојкот, последиците за Реал Мадрид ќе беа сериозни. „Кралевите“ ќе го изгубеа финалето автоматски и ќе им беше забрането учество во Купот на Шпанија следната сезона. И покрај тоа што паричната казна не би била голема (и се движи од 3.000 до 12.000 евра), сигурно ќе требаше да платат милионски компензации на Барселона, градот Севиља и Фудбалската федерација на Шпанија. „Кралевите“ ќе се соочеа и со проблеми со спонзорите и со сопствените навивачи кои веќе имаа платено за транспорт, сместување и билети за натпреварот.
The post Влијанието на неучеството на Реал во финалето врз клубот и натпреварот appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: