Концертот на бендот „Рибља чорба”, кој требаше да се одржи на 30 декември во 20 часот во Трг Краља Милана во Ниш, е откажан, потврдија организаторите.
Причината за тоа, според претставниците на бендот, е лошата здравствена состојба на фронтменот на бендот Борисав Ѓорѓевиќ.
Претставниците на бендот на социјалните мрежи објавија дека лекарите му забраниле на Ѓорѓевиќ да патува и да се напрега поради тежок грип и проблеми со хронична, опструктивна болест на белите дробови.
– И’ се извинуваме на публиката што нема да можеме заедно да ја дочекаме Новата година во Ниш и Бор. Лекарите на Бори му забраниле да патува и да се напрега бидејќи има грип како и проблеми со хронична опструктивна белодробна болест. Секако како и секогаш ќе ги победиме болестите и штом Бора се опорави еве сме на нови собири. Им се извинуваме на организаторите, како и на сите на кои им ги уништивме плановите. Ве сакаме, среќна Нова година – се наведува во соопштението на бендот.
Центарот за култура во Ниш, кој е задолжен за организирање на новогодишните концерти, работи на тоа на новогодишната ноќ да има уште еден изведувач. Постои можност тоа да биде „Ван Гог“, пренесува „Зона плус“.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.