ВМРО доби поддршка за реорганизацијата од Ахмети, но не и од Села

Зијадин Села и неговите пратеници, кои се дел од Европскиот фронт, не гласаа за предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за реорганизација на министерствата, кој помина со двотретинско мнозинство со помош на пратениците на ДУИ, водечка партија во Европскиот фронт.

Од крилото на Села велат дека остануваат во Европскиот фронт, но задржуваат автономија.
Инаку, во текот на денешниот ден се одржа средба меѓу претставниците на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Европски фронт.

На средбата присуствуваа Александар Николоски, Владо Мисајловски, Никола Мицевски и Стефан Андоновски, а од коалицијата Европски фронт беа Мендух Тачи, Блерим Беџети, Фатон Ахмети и Елми Азири.

Тие договорија Собранието да формира и ад хок комисија со претседавач предложен од опозицијата кој ќе ја следи правичната застапеност на сите етнички заедници во органите на државната управа и двапати годишно ќе го информира Собранието за неговата работа.

Пронајдете не на следниве мрежи: