ВМРО-ДПМНЕ: Да не се приведуваат недолжни луѓе брзајќи да се покаже некаков резултат за немилите настани во Собранието

ВМРО-ДПМНЕ апелира до институциите кои што се грижат за владеење на правото да не приведуваат недолжни луѓе брзајќи да покажат некаков резултат за немилите настани кои што се случија во Собранието, велат од партијата.Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Во текот на вчерашниот ден до нашата партија пристигнаа информации дека се приведени повеќе луѓе кои што не сториле никакво насилство или кривично дело, а полицијата ги држела со часови во полициска станица и апелираме до министерот за внатрешни работи да не ги пречекорува тие надлежности бидејќи дел од нив добиле и притвор без елементарен доказ дека сториле било какво кривично дело или насилство.
Треба да се разграничи многу прецизно неколкучасовното влегување на одредени граѓани во Собранието, во народниот парламент, заради насобран револт и гнев, од антидржавните политики на Социјалдемократскиот сојуз од оние неделовнички и други постапки кои што биле спротивни на демократските процедури и да се разграничи од оние поединци кои што без оправдување и без никакво прифаќање нанесле тешки телесни повреди на присутни пратеници или други личности во Собранието.
МВР и Обвинителството треба да се свесни дека за некого да приведат и изнесат пред суд треба да имаат цврсти докази за сторено кривично дело.
Исто така ОЈО и судовите не смеат да имаат различни аршини за ваквите настани, од настаните при насилствата врз полицијата направени од шарените протестанти изминатата година, кои што протестираат беа потплатени за тоа и вршеа насилство врз македонските полицајци, демолираа одредени институции или истите ги оштетија.
Од оние информации кои што ги добиваме дека некои лица добиле и притвор заради вербални деликти, а без извршено физичко насилство.
Од тука апелираме до судот да внимава при носење на одлуките и да се држи исклучиво до фактите, доказите, до остановената пракса, а не да понесува некаква партиска наклонетост зависно од тоа кој на која политичка институција или државна институција припаѓа.
Потсетуваме дека предизвикувач на овој народен бунт е токму СДС која што 60 дена ги игнорираше граѓаните нивното мислење, нивните протести кои што мирно и демократски протестираа, ги провоцираше со навреди, со погрдни зборови, со омаловажувања и конечно на денот на против деловничките и незаконските обиди за избор на Претседател на Собранието го направи тоа токму во часовите кога знаеја дека најголем можен начин можат да го предизвикаат тој револт.
ВМРО-ДПМНЕ континуирано и јавно предупредуваше на сите ризици од ваквиот однос на СДС и од можна ескалација и го замолувавме и претседателот на СДС да не прави и да не презема никакви чекори кои што можат да ја подгреат таа сензитивна атмосфера но очигледно дека уцената кон него за спроведување и прифаќање на  пост изборната платформа од Тирана беше поважна и поголема обврска отколку зачувувањето на разумот, рационалноста и соодветното однесување како одговорен политичар.
Го предупредуваме и министерот за МВР, господинот Нухиу да не врши притисок на вработените во министерството по секоја цена да апсат што повеќе луѓе без основ со цел тој да добие политички поени или да се покаже како многу способен. Само еден невин уапсен човек е поголем преседан за кој ќе се бара одговорност, доколку се докаже дека бил приведен без основ и без докази.
А најголемиот преседан сепак се случи со кршењето на Деловникот и со незаконскиот избор на господинот Џафери за Претседател на Собранието.
Другата работа што исто така сакам да ја истакнам во име на ВМРО-ДПМНЕ, се и понатамошните провокации кои што не носат добро ниту за граѓаните, ниту за довербата во општеството кои ги врши господинот Талат Џафери. Со истакнувањето на знаме на друга соседна држава на Република Албанија во институцијата Собрание на Република Македонија и кабинет на претседателот на Собранието. Сметаме дека ова не само што е незаконски потег туку е потег кој што може да ја комплицира и така чувствителната ситуација. Ваквиот потег само покажува дека СДС веќе прифатила и веќе започнала реализирањето на платформата од Тирана, која што е уцена за поразениот на изборите СДС и Заев да можат да бидат мнозинство во Собранието.
Само ќе кажеме неколку примери, зошто ова не е ниту добар политички потег ниту потег кој што ќе ја зголеми меѓуетничката доверба и соживот. Ниту е пак потег кој што е европска пракса. Замислете во Република Полска, Претседателот на полскиот парламент да го истакне таму знамето на Германија. Замислете во Бугарија, во бугарското Собрание, претседателот на парламентот да го истакне знамето на Република Турција. Или замислете во Република Латвија или друга балтичка држава, претседателот на парламентот да го истакне знамето на Руската Федерација. Тоа ќе биде не само незаконски, туку и ќе биде политички неодговорен чекор, и провокација која што понатаму ќе ги усложни состојбите во и онака чувствителната ситуација во Република Македонија.
 Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Во

Пронајдете не на следниве мрежи: