Д-р Александар Трајановски ќе биде предложен за нов потпретседател на СДСМ, соопшти денеска на прес-конференција лидерот на партијата Венко Филипче, најавувајќи дека денеска предлогот ќе го соопшти на седница на Извршниот одбор на партијата закажана за 18 часот.
Предлагот Трајановски да биде нов потпретседател на СДСМ треба да помине и пред членовите на Централниот комитет, но засега седница на ова највисоко тело на опозициската партија не е закажана.
-Вечерва ќе се одржи состанок на Извршниот одбор на кој што ќе соопштам дел од овие планови. Како што реков внимателно одиме со овој процес, барам трпение од членовите и симпатизерите. Сакам да најавам дека на потпретседателската позиција ќе го номирам докторот Александар Трајановски, кој моментално е член на Извршниот одбор. Исклучително посветен човек на партијата, кој имаше одлична кампања, привлече многу внимание и сметам дека ова ќе биде значајно кадровско зајакнување на партијата, изјави на прес-конференцијата Филипче.
Филипче ги демантираше написите во медиумите дека бил одбиен од поранешен градоначалник, нарекувајќи ги апсолутна невистина.
-Нема таков човек кој некаква понуда одбил. Нема, рече претседателот на СДСМ додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ се занимава со некои вакви прашања, наместо да одговори на прашања поврзани со економијата.
Тие имаат суштински прашања од економија од напуштање на фирми на слободните елкономски зони и треба да ги соопштат причините ЗОШТО а не дека тоа е вообичаено. НЕдостасуваат многу одговри и токму затоа се служат со измислици посочи лидерот на СДСМ Венко Филипче.



