ВМРО-ДПМНЕ започна семинар за модернизација на комуникациските стратегии пред локалните избори 2025

Во Гевгелија денес започна дводневен семинар организиран од Политичката академија на ВМРО-ДПМНЕ „Љубиша Георгиевски“ во соработка со ИФЕС, посветен на темата: „Унапредување на комуникациските стратегии за локалните избори 2025“. На настанот присуствуваат пратеници од партијата и членови на нејзиниот Извршен комитет.

Во рамките на семинарот, свое обраќање имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој нагласи дека партијата постојано го засилува дијалогот со граѓаните и членовите, а комуникациските канали се унапредуваат секојдневно. Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа во одлична форма и очекува убедлива победа на претстојните локални избори.

Мицкоски ја потенцираше високата доверба што граѓаните ја имаат во партијата, особено благодарение на бројните успешно реализирани проекти.

Претходно, пред присутните се обратија и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски, како и раководителот на академијата, Светислав Васев. Тие се фокусираа на важноста од теренска работа и директна комуникација со граѓаните.

Во текот на денот, свое предавање одржа и проф. Кристијан Седак, експерт по комуникации од Хрватска, кој сподели современи практики и стратегии за политичка комуникација.

Пронајдете не на следниве мрежи: