ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата одлучија да ја прекинат дебатата

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од колицијата „За подобра Македонија“ денес на заедничка координација одлучија да се откажат од понатамошна дебата која што се води во Собранието на Р. Македонија.
-Пратеничката група заклучува дека е кажано се и дека нема потреба од натамошна дебата во однос на предложените уставни измени и Договорот од Преспа кој што беше отфрлен од народот на Референдум. Истовремено пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ апелираат и до пратениците од владејачкото мнозинство и тие да се откажат од настапите и да се пристапи кон гласање по предлогот на Владата на Република Македонија за уставни измени, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ја изразија својата увереност дека предложените измени  на Уставот нема да поминат во Собранието на Р. Македонија. Со својот став го запознаа раководството на ВМРО-ДПМНЕ и едногласно ја потврдија својата одлука дека ќе гласаат против уставните измени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.