ВМРО-ДПМНЕ: Немаме никакви трошоци за новата зграда

Приватен инвеститор го гради земјиштето каде што се наоѓа седиштето на владејачката партија за свои комерцијални цели, а за возврат треба да отстапи 30 отсто од изградената површина на ВМРО-ДПМНЕ, соопштуваат од партијата.„Во овој случај ВМРО-ДПМНЕ нема никакви трошоци за изградба на објектот. Ваквата одлука е донесена, пред сé, поради старата и дотраена повеќедецениска зграда, повеќекратните трошоци за нејзиното одржување кои се зголемуваа со оглед на нејзината дотраеност како и недостиг на просторни услови. Новиот објект ќе ги запази сите градежни правила, стилски и естетски ќе го разубави тој дел од центарот на градот“, се вели во соопштението.Одлуката за ново седиште на партијата вила донесена во јуни минатата година, а потоа бил распишан јавен повик за доставување на понуди за соинвеститор за изградба на градежен објект на земјиште кое е во сопственост на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.
МакфаксПриватен инвеститор го гради земјиштето каде што се наоѓа седиштето на владејачката партија за свои комерцијални цели,

Пронајдете не на следниве мрежи: