ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за куќен притвор за Груби е на Обвинителството кое има два посто доверба

Само што беше објавено дека притворот на Артан Груби е заменет со куќен пртвор, со реакција се јавија од опозициската СДСМ и од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
И додека СДСМ оценува дека одлуката е потврда дека се е однапред договорено, од ВМРО-ДПМНЕ прстот за ваквата одлука го вперија кон Обвинителството за кое велат дека е истото Обвинителство кое има два посто доверба.
– Одлуката за домашен притвор е на Обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Велат дека СДСМ се во паника затоа што Груби може да проговори за, како што велат, криминалите на Зоран Заев и Венко Филипче.
– Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Пронајдете не на следниве мрежи: