ВМРО-ДПМНЕ – Првата демократска фракција денеска на прес-конференција праша зошто СЈО не постапува исто и со поранешниот градоначалник на Струмица, а сегашен премиер на РМ, Зоран Заев онака како што постапува со предметот насловен како „Моќник“ односно со градоначалникот на Македонски Брод.
Во предметот ,,Моќник” поднесено е обвинение за стореното кривично дело Злоупотреба на службената положба, сторено со купопродажба на земјиште по многу помала цена од онаа утврдена во ценовникот на општината. Се работи за купено земјиште во овој случај по 100 денари по м2, во постапка без јавно наддавање, иако со актите на општината – (Ценовник) пазарната вредност на градежно земјиште за тој регион е предвидена цена од 400 ден по м2.
„Ја цитираме обвинителката Фетаи – „Наедно со анекс го купил и земјиштето по цена од 100 денари по м2, во постапка без јавно наддавање, иако со актите на општината – ценовник, според кој од одделението за оданочување се вршело утврдување на пазарна вредност на градежно земјиште за тој регион била предвидена цена од 400 ден по м2, со што второосомничениот платил 300 денари помалку од пазарната по метар квадратен и заедно, второ и третоосомничениот, нанеле значителна штета на општина Македонски Брод во износ од 1.176.000,00 денари” (околу 4.000м2)
Во предметот „Поткуп“ Заев беше обвинет дека како градоначалник на Струмица од некој си свој сограѓанин барал поткуп од 160.000 евра за дозвола за легализација (или купување – не е јасно од снимката) на земјиште.
Значи општинско земјиште по пониска цена од утврдената се продавало (или легализирало) и во општина Струмица додека градоначалник бил Заев“, велат од Фракцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Тие бараат од СЈО или ОЈО да отвори истрага за можна злоупотреба за продажба (или легализација) на земјиште во општина Струмица, врз основа на кажувањето (самопризнание) во оваа снимка по многу пониски цени од оние кои се утврдени со ценовникот на општината.
„Јавноста мора да знае дали во овие случаи важеле цените утврдени во ценовникот или пак било онака како ќе одлучел Заев. Односно онака како што сам вели на снимката – Как ке одлучам јас, толку ќе е…..?!!!!!!! СЈО или ОЈО да утврдат дали и колку е направена штетата на државата и општината со досега продадените (или легализираните парцели) во општина Струмица, доколку продажбата (или легализацијата) се правени по пониска цена од онаа утврдена во ценовникот на Општината Струмица – бидејки е мошне индикативно кажувањето ,,Јас како ќе одлучам… така ке биде….“, додаваат од фракцијата.
Бараат од Заев јавно да каже што стана со поднесените кривични пријави за Бујар Османи, Муса Џафери и останатите високи функцинери и сметаат дека за оваа работа треба јавно да се произнесе и ОЈО до кај е со поднесени кривичните пријави.
„Ја претпочитаме презумпцијата на невиност, но дали е етички ваков човек да имате за вицепремиер, во кој и самиот премиер се сомнева дека сторил криминал и затоа поднел кривична пријава?!“, прашуваат оттаму.