ВМРО-ДПМНЕ со барање до Собранието да му се овозможи обраќање на Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ, според сознанија на “Курир“, испратила барање до Собранието преку кое се бара да му се овозможи обраќање на партискиот лидер Христијан Мицкоски, кој не е пратеник, а поради како што се вели чувствителното прашање. Во продолжение Ви го пренесуваме интегралниот текст од барањето на ВМРО-ДПМНЕ доставено до Собранието.
Со оглед на фактот што во овие моменти во законодавниот дом се расправа за потребата од Уставни измени кои имаат суштинско влијание, политичката криза во која влегува нашата земја како и значајноста која овој период ја има за иднината на Република Македонија, како и со оглед на сензитивниот момент, вниманието и контраверзите што ја предизвика оваа дебата во јавноста, ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија која е во опозиција, и чиј што Претседател, проф. д-р Христијан Мицкоски не е пратеник, а со тоа е оневозможен пред народните преставници да ги изрази своите погледи и ставови кон ова чувствително прашање, испраќаме барање да се овозможи негово обраќање на тековната пленарна седница по однос на предложените уставни измени.
Ова право го овозможува Деловникот за работа на Собранието, каде согласно член 72, став 2 од Деловникот овозможува Претседателот на Собранието да (цитираме) “може да покани на седницата на Собранието да присуствуваат и во работата да учествуваат претставници и на други органи и организации”, стои во барањето на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.